Звучниот скулптор Antez во понеделник настапува во „Дуња“

По првично откажаниот настан, „Пост глобал рекордингс“ и Социјалниот центар „Дуња“ во понеделник (9 јануари) го најавуваат настапот во живо на Antez.

Организаторите на настанот за Antez велат дека е перкусионист или звучен скулптор, кој го истражува звукот и материјата со интервенирање врз физичката перцепција на звукот и неговиот однос со просторот. Тој тврди дека можноста за експериментирање со звукот со акустични инструменти е безграничен. Неговите инструменти ги нарекува уреди, пренасочувајќи ја нивната употреба.

Настапот на Antez започнува во 20 часот во просториите на Социјалниот центар „Дуња“.  Влезот е слободен, а донациите добредојдени.

Инаку, Antez е дел и од проекти како Continuum, Vacuum, Panta Rhei, Nue Tête, The Rotating, звучната инсталација Les Bouillons de Fréquences…