„Зум“ го отстрани ограничувањето од 40 минути за бесплатните профили поради празниците

„Зум“ ги отстрани ограничувањата за бесплатната верзија на софтверот за време на празничната сезона, со цел да им помогне на фамилиите ширум светот безбедно да се социјализираат за време на пандемијата.

Бесплатните профили на „Зум“ се ограничени на јавувања долги 40 минути, кои завршуваат веднаш при достигнување на рокот. Но, од „Зум“ соопштија дека тие ограничувања ќе бидат стопирани за наредните две недели, особено за Нова Година.

„Како знак на благодарност кон корисниците во овие необични времиња, ние ја отстрануваме границата од 40 минути на бесплатните зум профили на глобално ниво“, соопштиле од компанијата.

Ваквата одлука беше поздравена од здравствените експерти кои апелираат собирите да се одвиваат со потребното физичко растојание и покрај тоа што британските власти ги опуштаат мерките за празниците.

„Се надевам дека ова е пример кој останатите ќе го следат. Пораката е едноставна – средбите за празниците се ризични за сите. Тие се одличен подарок за вирусот, збиените празнични трпези се идеална состојба за пренесување на вирусот, но доколку некој се разболе – тоа ќе биде најлошиот подарок што сме можеле да го подариме“, изјавил Стивен Рејхар, професор по социјална психологија на Универзитот „Св. Ендрју“.

Рејхар посочил дека власта може да научи од ваквиот потег на „Зум“ и да соработува со компании за да овозможи повеќе слободи за граѓаните со што би се нашло алтернатива за физичкото социјализирање.

„Тие можат да побараат од најразлични сектори да им помогнат на различни начини – да им се дадат на најмладите кои треба да се во изолација најновите компјутерски игри, или пак да се овозможни бесплатен интернет за празниците, па сите да можат да се поврзуваат без да имаат високи сметки“, предложил професорот.

Сузан Миши, директорката на Центарот за бихевиорална промена, имала слични идеи како Рајхер.

„Мора да се потсетуваме дека многу домаќинства немаат пристап до интернет или ја немаат дигиталната опрема која ќе им дозволи да ја употребат оваа „Зум“ прилика“, изјавила таа.

Извор: Guardian