ЗОО Скопје: Добредојде Чака

Белиот лав Чака пристигна во скопската Зоолошка градина. Тој ќе и се придружи на лавицата Бела, со што ЗОО Скопје за прв пат станува дом на бели лавови.

Од ЗОО Скопје информираа дека белите лавови ќе живеат во пространо живеалиште адаптирано за нивните потреби.

Белите лавови се едни од најретките видови на светот и за жал се пред истребување во природата.

Наскоро во скопската зоолошка градина треба да пристигнат и двогрби камили од Чешка и Словенија.