Златни рипки фрлени во езерата во Минесота растат и се закана за екосистемот

Сопствениците на продавници за животни во Минесота апелираат луѓето да не ги фрлаат златните рипки во езерата бидејќи се уништува екосистемот, пренесува „Гардијан“.

Властите во Минесота исто така реагирале на фрлањето на златни рипки во локалните води, откако неколку златни рипки биле уловени. Оттаму додале дека златните рипки растат неколку пати поголеми од природната големина и се опасност за локалните видови.

„Ве молиме не ги пуштајте вашите златни рипки во мочуриштата и езерата. Тие растат поголеми од што замислувате и можат да придонесат кон намален квалитет на вода преку заматување на дното и уништување на растенијата.

Минатиот ноември, властите извлекле над 50.000 златни рипки од локалните води. Државниот менаџер за вода, Пол Молин, изјавил дека златните рипки не се проучен вид, па имаат потенцијал негативно да влијаат на квалитетот на водата во езерата.

Исто како крапот, златните рипки лесно се размножуваат и можат да преживеат со ниски количини на кислород за време на зимата во Минесота.

„Неколку златни рипки може да изгледаат безопасен додаток во локалните води – но тие се опасни“, истакнале од Одделот за природни ресурси во Минесота.

Еколошки катастрофи поттикнати од непромислени одлуки на сопственици на продавници за животни не се новост. Месојадни риби кои се вид присутен во Тихиот океан биле ослободени во Флорида од страна на локална продавница за животни. Тие ги ослободиле рибите откако реонот бил погоден од ураганот „Ендрју“ во 1982 година. Месојадните риби убиле голем дел од карипските водни видови, што предизвикало целото крајбрежје да е полно со алги.