Филмот на мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо, „Обликот на водата“ освои „Златен лав“ на 74. Венецијански филмски фестивал.
„Доколку останете чисти и лојални на својата вера, во мојот случај, во чудовишта, можете сè да постигнете“, истакна Дел Торо во обраќањето на најстариот филмски фестивал во светот.
„Обликот на водата“ ја раскажува приказната за хигиеничарка (Сели Хокинс), која се заљубува во водно суштество.
„Како Мексиканец, ја посветувам оваа награда на сите Мексиканци и Латиноамерикански режисери, кои сонуваат да направат нешто што им кажале дека не можат да го направат. Можно е“, изјави тој.