Зимско работно време за жичницата на Водно и помалку автобуси

Од утре, жичницата на Водно ќе работи од 10 до 17 часот, при што последното возење кон врвот ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење кон Средно Водно во 16.45 часот. Како што информираа од ЈСП Скопје, зимско работно време кое ќе важи до 1 март.

Неработни денови на жичницата ќе бидат понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот.

Измени има и во возниот ред на линијата 25, од Транспортен центар до Средно Водно. Се укинуваат досегашните поаѓања од Транспортен центар во 16.20 ч и 17.20 ч, односно поаѓањата во 16.40 ч, 17.40 ч и 18.40 ч од Средно Водно. Како и досега, секој понеделник линијата 25 не е во функција, додека за време на викенди и државни празници возењето е бесплатно (на линијата 25 Транспортен центар-Средно Водно, 25А Стара железничка станица-Средно Водно и 25Б Дом на печат-Средно Водно).