Зимска велосипедска „критична маса“ во Скопје

Под мотото “Избори се за почист воздух!“, неформалната група на велосипедисти од Скопје – “На точак“, по деветти пат организира групно возење велосипед низ улиците на главниот град.

Возењето ќе се одржи на 30 јануари (среда) со почеток во 17:30 часот од пред спортските терени на средното училиште „Раде Јовчевски Корчагин“. Патеката по која ќе се движат велосипедистите можете да ја видите на следниот линк.

Повеќе информации за иницијативата “Критичка маса“, се достапни на блогот „На Точак“  или на ФБ-настанот.

Еве како изгледаше последната, новогодишна „Критична маса 8: “