Ѕид од светлина ќе го дели Берлин

Дваесет и пет-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид ќе биде одбележана со симболично поставување 8.000 светлечки бели балони кои ќе покажуваат каде минувал ѕидот кој 29 години го делеше градот на источен и западен дел, пренесе МИА.

Ѕид од светлина ќе го дели Берлин

Од 7 до 9 ноември балоните ќе бидат поставени во должина од 15 км. во рамки на проектот Граница на светлост (Licht grenze).

Дизајнирани се за да евоцираат спомени на демонстрациите во Источна Германија пред падот на ѕидот кога илјадници луѓе носеле свеќи и мирно искажувале незадоволство.

Поставувањето балони долж трасата на која бил ѕидот треба да биде силен симбол и показател на големината на проектот и поделеноста.