Журка на 500 метри под мразот на фестивалот „Secret Solstice“ на Исланд

Фестивалот Secret Solstice, кој се одвива викендов на локации во и околу главниот град на Исланд, Рејкјавик, е уникатен од повеќе причини. Една од нив е и тоа што за време на тридневниот фестивал, сонцето никогаш не заоѓа.

Годинешната програма е импресивна (Wu Tang Clan, FK Twigs, Tale Of Us, Green Velvet and Moodymann, Nightmares On Wax, Hercules & Love Affair и GusGus, меѓу другите), а фестивалот нуди многу повеќе од само музика, вклучувајќи скриени настани и тајни сетови на несекојдневни локации.

Журка на 500 метри под мразот на фестивалот „Secret Solstice“

Годинава, еден од ваквите настани ќе се одржи 520 метри под површината на вториот најголем глечер во Европа, Ватнајекул. Под мразот ќе настапат Totally Enormous Extinct Dinosaurs (TEED) и Artwork.

Билетите за журката се веќе распродадени, а екипа на Mixmag TV ќе го сними настанот и ќе ја објави снимката идната недела.