Живот во челична кутија – Kонтејнерите за транспорт како иднина на домувањето

Од Лондон и Амстердам до Мумбаи, транспортните контејнери се користат како евтин и лесен начин да се обезбеди покрив на главата. Но, како изгледа да се живее во нив, и можат ли да послужат како трајно решение?

Потребно е време за да се привикнеш на животот во челична кутија. Timothy Ader првично не бил пресреќен што треба да живее во Wenckehof, студентско село во Амстердам направено од 1.000 рециклирани контејнери за „shipping“. Но, три години откако се вселил, не жали за ништо.

„Мојот прв впечаток за селото со контејнери беше дека личи на гето, и не сакам да живеам таму“, се потсеќа 24-годишниот Timothy. „Но, почнав да посетувам мој пријател кој живееше таму и местото почна да ми се допаѓа. Потоа се вселив и сфатив колку е добро. Многу ми е комотно во мојот контејнер и имам доста простор за себе. Не сакам да живеам на друго место на светов сега“.

Wenckehof, кој бил изграден во 2006 и беше претходно познат како Keetwonen, е најголем и најразвиен таква населба во светот. Иако бил изграден привремено како експеримент, станал толку популарен меѓу студентите што властите на Амстердам го одобрија и му дадоа перманентен статус во 2011. Неговиот успех ги предизвика архитектите и организациите кои се бават со домување да бараат евтини алтернативи за да се намали недостатокот на станбен простор во светот.

Во Берлин, пренаменетите транспортни контејнери користени како сместување за студенти, неодамна им беа доделени на азилантите. Во Лондон, Forest YMCA започна да ги сели младите вработени кои не можат да ги платат кириите и кои се изложени на ризик да станат бездомници во 20 „mYPAD“ контејнери во Walthamstow. Сепак, жителите можат да останат таму само една година.

Оние кои лобираат за воведување на контејнерите како алтернатива за конвенционалните живеалишта во сите градови велат дека брзата и лесна инсталација, заштедата на материјали и можноста да се употребат за повеќе намени ги прават контејнерите сериозна опција за урбаното домување.

Па, како навистина изгледа да се живее во нив? Ader вели дека неговиот контејнер во Амстердам е удобен: секој од нив има дневен простор, бања и балкон. За греење, во нив се користат панели и радијатори. Приватноста за него не била проблем. Всушност, Ader смета дека било премногу тивко. Помогнал при организирањето на забави во блокот и „Ручај со соседот“ настани, за да го направи студентското село поживо.

Освен тоа, оваа опција е и евтина. Жителите плаќаат 450 евра за месец, а можат да добијат и попуст од 140 евра во одредени случаи, што е многу поевтино од кириите од 600 евра на месец кои студентите ги плаќаат за да делат стан со уште неколкумина во централен Амстердам.

„Нема многу недостатоци. Јас не би сакал да живеам таму со девојка ми – контејнерот е премал за тоа, иако има неколку парови кои живеат овде и се среќни. Мислам дека овој тип на сместување најмногу одговара за самци на кои им треба нешто поевтино“, заклучува Ader.

Извор: Guardian