Жители на село во Белгија заедно освоиле 143 милиони евра на лотарија

Група од 165 жители на едно белгиско село освоила повеќе од 143 милиони евра на лотаријата „EuroMillions“. Жителите на селото Олмен, во провинцијата Антверпен, собрале пари за заедно да купат лотариско ливче во киоск.

Белгиската државна лотарија соопшти дека секој од нив освоил по околу 868.000 евра.

За ждрепката која се одржа во вторник имаше повеќе од 27 милиони пријавени. Џекпотот вредеше 142.897.164 евра.

Портпаролот на Државната лотарија Џок Вермоер рече дека групните добивки во Белгија не се вообичаени и дека ова е најголемата група која некогаш освоила награда.