Италија одлучи да го прослави Интернационалниот ден на жената во среда, давајќи им бесплатен влез во сите музеи.
Италијанското Министерство за културно наследство во вторникот објави дека сака да го прослави „женствениот свет“ преку ставање акцент на уметничките дела од жена и на кои има жени во своите колекции.
Голем број на посебни настани, разговори и изложби ќе се случат во локациите од културно наследство низ државата, во текот на целиот 8 Март. Некои ќе се фокусираат на конкретни периоди, автори или региони, а други ќе го обработуваат генерално прикажувањето на жените во уметноста.
Во последните неколку денови, а се до 8 Март, Инстаграм страницата на италијанските музеи ќе се фокусира на уметност која прикажува жени, преку споделување на фотографии од различни уметнички дела заедно со информации за субјектот на сликата, секој ден.
Жените кои ќе се слават преку уметност ќе бидат „светици и проститутки, божици и обични девојки, интелектуалки и уметници, актерки и маченички, писателки и поетеси, мајки, Мадони и револуционерки“, тврди Министерството.