Жена открила ремек-дело вредно 6 милиони евра во својата кујна

Ремек-дело од раната ренесанса, кое припаѓа на славниот фирентински сликар Чимабуе, било откриено во кујна во гратче во близина на Париз, соопштиле експерти за уметност.

Делото на уметникот од 13-тиот век, наречено „Исмеан Исус“, се проценува дека вреди помеѓу 4 и 6 милиони евра.

Експертите за стари уметнички дела од компанијата „Туркин“ соопштиле дека сликата и припаѓала на жена во северниот француски град Компењ, која била поставена во нејзината кујна. Сликата стоела непосредно над шпоретот.

Се верува дека сликата е дел од голем диптих кој датира од 1280 година, кога Чимабуе направил осум сцени во кои се насликани страдањата и распетието на Исус Христос. Други две сцени од ова негово дело се изложени во Националната галерија во Лондон и во Колекцијата Фрик во Њујорк.

Делото ќе биде ставено на аукција во Сенлис, на северот од Париз, на 27 октомври.