Земји во Европа каде младите најмногу сакаат да студираат

Веб страницата на Study.EU ја објави годишната ранг листа на триесет европски држави, според нивната атрактивност за интернационалните студенти.

На врвот на листата е Германија, која од вкупно 100 поени има 83,2, според повеќе критериуми.

Велика Британија е на второ место, а Холандија на трето.

Листата се пресметува според три фактори – квалитет на образование, чинење, квалитет на животот и кариерни можности после добиената диплома.

Германија е прва и на листата на најквалитетно образование, додека Унгарија е најевтина. Меѓу првите три се и Србија и Полска.

Веика Британија е прва во однос на квалитетот на живот на своите странски студенти, како и на можностите за развивање на кариерата откако ќе ги завршат студиите.