„Здраво млади“: Детска работилница за гитара со Scott McCloud од „Girls Against Boys“

Во склоп на Јуниор програмата на 9. издание на фестивалот „Здраво млади“, ќе се одржи детска работилница за гитара со легендарниот Scott McCloud од култниот американски бенд „Girls Against Boys“.

Како професионален гитарист, пејач и текстописец последните 25 години од неговиот живот ги поминал снимајќи материјали, како и настапувајќи на турнеи со различни рок бендови. Создал над 13 албуми издадени од независни и големи дискографски куќи, продавајќи повеќе од стотици илјади копии низ светот.

Во својата „патувачка лична карта“ има запишано големи турнеи низ Северна Америка, Европа и Австралија, настапи на најпознатите музички фестивали како Lollapalooza, the Reading Festival, Mt. Fuji Festival, Les Transmusicales, Pukkelpop, Lowlands и многу други.

Бендовите на Scott настапувале како хедлајнери, но исто така и поддржувајќи бендови како Rage Against The Machine, Placebo, Garbage, Fugazi и други.

Сето ова, на Scott му овозможило широк спектар на искуства и увид во сите аспекти од музичката индустрија. Пред неколку години се преселил од Њујорк во Виена и започнал да држи приватни часови за гитара, со главна цел да ја прошири оваа дејност во училишна настава, туторство, работилици. Идејата на Scott е покрај гитарските часови, да го насочи фокусот кон уметноста на создавање нешто индивидуално и уникатно за лично искуство. Моментално свири во Paramount Styles со Alexis Fleisig.

Работилницата е закажана за петок (30 август) од 18 часот во МКЦ и е наменета за деца од 10 до 14 години.

Пријавувањето е преку следниот ЛИНК.

*Работилницата ќе се одвива на англиски јазик БЕЗ превод на македонски

„Здраво млади“ годинава ќе се одржува на 31.08. во МКЦ парк.

„Спремете се за 12 часовно уживање со ладно пиво, food corner, НОВА музика, chill zone и еден куп други активности“, стои во најавата за настанот.

Годинава настапуваат хрватското електропоп дуо – NIPPLEPEOPLE, канадското пост-панк трио OPERATORS, аргентинците MUERAN HUMANOS, SVEMIRKO, ZEEBOMB & MATEJ FOLTZ, DJ FITZ, DILLON, FUJIYA & MIYAGI премиерно на сцена со македонскиот бенд Rib и програмата Berlin via Skopje на која ќе настапи DJ квартетот VIVIAN KOCH,  CONFORCE, ALEX ACID, како и македонскиот претставник на берлинскиот подиум STOJCHE.

Покрај музичката програма публиката ќе има можност да ја погледне и првата изложба на фотографии од Зденко Петровски / ЗдеПе насловена „МКЦ документ“. Изложените фотографии се резултат на период од скоро две декади документирање живот во/низ МКЦ.

Билетите се по цена од 600 денари и „другарски билет” (4+1 гратис) пакети по цена од 2000 денари достапни на билетарница во МКЦ (работно време: 13:00-20:00) и online преку https://bileti.mkc.mk/

*На ден на фестивал билетите ќе изнесуваат 800 денари.