Започна пријавувањето за Skopje Run 10K

Од денес до 22 август секој заинтересиран за учество на трката Skopje Run може да се пријави. Ова е третата година по ред како се одржува трката. Минатата година во Скопје над 1.600 учесници излегоа да трчаат на булеварот „Илинден“. Организатори повторно се тимот на Виз Ер Скопски маратон и Сојузот на спортови на Скопје.

„Тие кои ќе се пријават во првите 2 дена, 22. и 23. август 2019, ќе може да го одберат својот стартен број. Исто како и претходно, на агендата се две трки и тоа трката на 10 километри и штафетната трка од 2 пати по 5 километри, кои ќе започнат на 6. октомври 2019 во 09.00 часот. Секој учесник ќе може како дополнителен продукт да купи и dry fit маица со логото на трката, а 100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели“, соопштуваат организаторите.

Skopje Run 10K веќе втора година е дел од календарот на Атлетската федерација (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).

За повеќе информации за Skopje Run 10K посетете ги официјалните канали за комуникација: http://www.skopje.Run и https://www.facebook.com/SkopjeRun.