Започна пријавувањето за маратонот „Водно-Матка Треил“

Отворен е повикот за пријавување на маратонот од Водно до Матка, закажан да се одржи во март годинава. Станува збор за еднодневен спортски настан, поточно трка во планинско трчање со должина од 42 километри и висинска разлика од 3100 метри.

Трката се одвива во околината на градот Скопје – на планината Водно и во кањонот Матка – област која изобилува со природни реткости и културни споменици од минатото.

„Маратонот е кралицата на атлетските дисциплини, но што ќе се случи ако на тие 42км додадеш и 3,100 метри искачување? Себенадминување!“, велат организаторите.

Почеток на трката е на 27 март, во 7 часот пред м.в. Полиција.

Повеќе информации за пријавување на следниот ЛИНК.