Започна изградба на репродуктивниот центар за елени на Галичица

Во Националниот парк „Галичица“ почна изградба на репродуктивен центар за елени. Центарот со големина од стотина хектари ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци), а ќе биде опремен со модерна инфраструктура какоп карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Проектот вреден 340 илјади евра се реализира во рамки на Програмата на Европската Унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ вредна 4,3 милиони евра, а ја спроведува Програмара за развој на Обединетите Нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање“, велат од министерството. 

Националниот парк „Галичица“ во рамки на проектот спроведува и активности за подобрување на управувањето со планинаските тревести еко-системи со цел нивно зачувување и запирање на процесот на сускцесија.