Забава на Скопскиот џез фестивал со Џоле Грујовски и составот „Фирс“ вечерва во МКЦ

Со концертни настапи на квартетот на џез-гитаристот Џоле Грујовски и џез-составот „Фирс“ (Fierce), вечерва во МКЦ клуб и ресторан, со почеток од 21 часот, ќе се одржи традиционалната јануарска годишна забава на Скопскиот џез-фестивал.

„Џоле Грујовски квартет“ го сочинуваат Џоле Грујовски (џез-гитарист), Филип Димишковски на клавијатури, Оливер Јосифовски на бас и Александар Ванчовски на тапани, додека бендот „Фирс“ носи звук и форма на современ џез, создаден од млада генерација на македонските музичари Горјан Стојменовски на гитара, Виктор Филиповски на тапани и перкусии, Марко Василевски на контрабас, Борислав Веселинов, алт-саксофон и Сенад Усеин на труба.

Влезот е слободен, а на настанот ќе бидат промовирани и календарите на СЏФ за 2019.