За едно деноноќие 41 починати од Ковид 19, меѓу нив и две лица на 18 и 23 години

Во последните 24 часа од КОВИД 19 почина 41 лице, а меѓу нив се регистрирани и две лица на 18 и 23 години од Скопје. Притоа, повеќе од половината се од Скопје, 23 лица (84г, 82г, 81г, 79г, 78г, 77г, 75г, 73г, 71г, 68г, 68г, 66г, 64г, 62г, 62г, 62г, 60г, 56г, 52г, 47г, 31г, 23г и 18г), 4 починати лица од Тетово (82г, 81г, 76г и 69г), по 3 починати лица од Куманово (71г, 69г и 66г) и Кичево (84г, 81г и 63г), по едно починато лице од Прилеп (66г), Гостивар (83г), Битола (72г), Струмица (75г), Охрид (78г), Струга (45г), Кавадарци (79г) и Дебар (54г)

Од пријавените 41 лице, 36 се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови. Во истиот период се направени 5.589 тестирање и се регистрирани 539 нови случаи на КОВИД-19 како и 245 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.549 бројката на оздравени пациенти е 166.851, на починати е 6.437, а бројот на активни случаи изнесува 13.261. Најмногу активни случаи има во Скопје 5869, Тетово 1057 и Куманово 948.