За десет дена почнува тринаесеттото издание на INmusic фестивал во Загреб

Тринаесеттото издание на INmusic фестивал годинава ќе се одржи од 25 до 27 јуни на езерото Јарун во Загреб. На само 10 дена пред ова случување, организаторот на фестивалот Зоран Мариќ во интервју за српската телевија N1 вели дека се е спремно, а иако за временска прогноза е прерано, сепак се подготвени и ако има дожд.

Култниот британски магазин NME веќе втора година по ред го најавува овој фестивал како еден од 12-те најдобри светски фестивали,а туристичките резултати од година во година стануваат се подобри. Програмата за 2018 година е една од подобрите досега. На овогодинешното издание ќе настапат светски познатите Alice in Chains, Queens of the Stone Age, Nick Cave and the Bad Seeds, David Byrne …

На сцената се најавени и Skunk Anansie кои предходната година поради повреда на пејачката го откажаа својот настап на само 10 минути пред почетокот. Публиката ќе може да го види и настапот на уникатната гитаристка Ани Кларк попозната по нејзиното сценско име St.Vincent, но и популарната поп-рок групата Portugal.The Man.

Деновите и сатницата на сите настапи се веќе објавени на официјалниот сајт на фестивалот. На првиот ден, во понеделник, 25 јуни ќе настапат спектакуларните Queens Of The Stone Age, David Byrne, The Kills, Franck Carter & The Rattlesnakes, Superorganism… Ѕвездите на вториот ден, 26 јуни, се Nick Cave & The Bad Seeds i St. Vincent, а покрај нив на сцената на најголемиот хрватски фестивал на отворено ќе се качат и Bombino, Jinx, Reykjavíkurdætur. Третиот ден на INmusic фестивалот ќе го затворат Interpol, Alice In Chains, Portugal. The Man, General Elektriks, PINS.

Организаторите најавија и дополнителни фестивалски содржини, меѓу кои и добро познатиот INteatar, кој годинава на Јарун носи три одлични претстави „Мажите с еод марс, а жените од Венера“, на Роман Шушковиќ Стипановиќ, „Münchhausen“ на Вилим Матула и „Мајсторска актерска работилница“ на Зијах Соколовиќ.

Посетителите на фестивалот кои не живеат во Загреб и оваа година ќе можат поефтино да патуваат со воз од 22 ри до 29 ти јуни. Сите релации во Словенија и Хрватска до Загреб и назад кои се над 25 километри ќе бидат на 40% попуст за прва и втора класа во редовните возови. Патниците доволно е да напоменат дека идат на Inmusic или да ја покажат картата, порачуваат организаторите.

Сите новости за фестивалот можат да се следат на официјалниот Фејсбук, Инстаграм и Твитер профилот на фестивалот.