За да добијат диплома, студентите на Филипини мора да засадат 10 дрвца

Нов закон во Филипини ги обврзува сите средношколци и студенти да засадат најмалку 10 дрва пред да го завршат своето образование. Со овој закон се формализира традицијата на садење дрва по дипломирањето, а истовремено се надеваат дека законот ќе придонесе во борбата со климатските промени.

Поборниците за законот велат дека оваа легислатива може да резултира со 525 милијарди засадени дрвја по генерација, ако се спроведува како што треба.

„Со 12 милиони ученици кои завршуваат основно образование, околу пет милиони студенти кои дипломираат и скоро 500,000 студенти кои дипломираат на колеџите, ако правилно се спроведува законот, секоја година ќе бидат засадени најмалку 175 милиони нови дрвја“, изјави Гери Алехано, еден од авторите на легислативата.

Дрвјата ќе се садат во постоечки шуми, заштитени подрачја, воени подрачја, напуштени рударски места. Видот на дрвјата мора да одговара на локацијата каде што ќе се садат, на климата и топографијата на областа, велат од владата.

Министерството за образование и Комисијата за високо образование на Филипини, заеднички ќе го спроведуваат законот.

Филипини е една од земјите со најуништени шуми, со вкупна шумска маса од 70% која се намалила на 20% во текот на 20. век. Нелегалната сеча останува проблем за оваа држава, а недостатокот на дрвја во некои области го зголеми ризикот од поплави и лизгање на земјиштето.