За 18 месеци украдени криптовалути од вредност 1,2 милијарди долари

Криминалци украле околу 1,2 милијарди долари во криптовалути од почетокот на 2017 година до денес, според проценките на организацијата за борба против кражба на податоци на интернетот – APWG.

Статистиката е дел од истражување на невладината за криптовалутите и ги опфаќа пријавените, но и непријавените кражби.

„Криминалците ги користат криптовалутите во нелегални активности како тргување со дрога и перење пари, а сега забележуваме дека почнаа да крадат само криптовалути“, изјави претседатело на организацијата, Дејв Џеванс.

Според него, од наведените 1,2 милијарди долари, вратени се помалку од 20 отсто.

Тој, исто така, смета дека Уредбата за заштита на податоците на интернет, која од 25 мај стапи на сила во ЕУ, нема ништо да промени, односно дека ќе ги спречи законодавните тела во пронаоѓање на сајбер криминалците.

„Со ограничување на пристапот до клучни информации, новиот закон значително ќе ја помести истрагата за кибернетскиот криминал, кражбата на криптовалути и идентитетот, уценувањето и злонамерниот софтвер, измамите и присвојувањето на процесорите на компјутерите со кои „копачите“ ги добиваат криптовалутите“, изјави Џеванс.

Иако со примената на новиот закон за лични податоци граѓаните ќе имаат поголема приватност на интернет, во исто време нема ни да биде лесно да се влезе во трага на криминалците.