„What Remains of Edith Finch“ e најдобра видео игра, според БАФТА

Наградата за најдобра видеоигра, што ја доделува независната британска организација БАФТА, ѝ припадна на „What Remains of Edith Finch“.

Тоа е мистериозна авантура која ја раскажува приказната за семејството Финч, кое смета дека го следи клетва бидејќи сите членови на семејството веќе пет генерации наназад умираат прерано, и секогаш останува по едно живо дете кое создава свое поколение за да продолжи семејната лоза.

Наградата за најдобра семејна игра ја освои „Super Mario Odyssey“, додека наградата за најдобра оригинална содржина ѝ припадна на „Horizon Zero Dawn“. „Overwatch“ беше прогласена за видео игра која најдобро евоулирала.

Акционата авантура „Hellblade: Senua’s Sacrifice“, која се фокусира на борбата на главниот лик со психоза, освои 5 награди во доделувањето на BAFTA.

Играта, чиј главен лик е Келтски воин, ги однесе наградите за Артистичко достигнување, Најдобра британска игра и Видео игра која ги надминува границите на забавата. Покрај овие, во нејзина насока отиде и наградата за Аудио достигнување, како и онаа за Најдобар главен протагонист, која ѝ припадна на актерката Мелина Јургенс, која ја толкуваше улогата на Сенуа.