Второ издание на „Алтернативно Скопје“

Второ издание на фестивалот„Алтернативно Скопје“ ќе се одржи на 27 јуни во бифето на Младинскиот културен центар. Како и минатата година така и оваа, малку свежина на културниот тек во градот ќе му дадат осум бенда, кои ќе настапат пред публиката меѓу 20:00 и 1:00 часот по полноќ.

На „Алтернативно Скопје 2 “ од Софија доаѓаат „Војвода“, бендот кои прави исклучиво добар пост-панк, со примеси на колдвејв и дарквејв и се прв интернационален бенд што настапува на фестивалот. Свој настап ќе има и скопскиот метал бенд Cortex , мулти-инструменталецот Мухамед Ибрахими чија музика е автентичен микс на повеќе музички стилови како блуз, амбиент рок и ориенталната (суфи) традиција и албанскиот (балканскиот) фолклор, но и култните Тотално Опуштање.

На програмата е најавен и насстап на младиот скопски бенд Астероид, скопското трио Leitmotif , кичевскиот бенд KAIN кој во моментов работи на првиот албум и велешкиот панк рок бенд Оловна Рестрикција.

„Животот е казна ако не го живееш во својот ритам.. ритам, ритам, ритам…Дојди и поддржи ја локалната сцена“, порачуваат организаторите на „Алтернативно Скопје 2 “.