Битолските средношколски го најавија вториот Средношколски пленум кој ќе се одржи утре, 16 март во СОУ „Таки Даскало“ во Битола.
Од пленумот посочуваат дека по сите закани и опструкции кои тие ги имаат од страна на директорите на средните училишта, на вториот пленум ќе се дискутира и ќе се спротивстават аргументите за нивните барања, а ќе се утврдуваат и идните чекори на Пленумот.
Премрзнати пред своето училиште, битолските средношколци одржаа прв пленум
„Дојдете и приклучете се, Пленумот е на сите средношколци“, порачуваат битолските средношколци.
Почетокот на Пленумот е најавен во 19 часот.