Втор меѓународен форум на креативни индустрии и улогата на женското претприемништво во креативната економија

Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје денес и утре (3 и 4 ноември) од 10 часот во киното „Синеплекс“ го организира Меѓународниот форум за креативни индустрии и улогата на женското претприемништво во креативната економија.

Станува збор за интерактивен настан кој на едно место ќе собере претставници од креативните индустрии, претприемачи, иноватори, стопански комори, министерства, институции и други креатори на политики, како и претставници од граѓанското општество и меѓународните организации да разговараат за бизнисот, можностите, развојот на меѓународни проекти, финансирањето итн.

Форумот се организира со цел поттикнување дискусии за креативните индустрии, креативното и културното претприемништво, жените претприемачи во креативните и културните индустрии и иновациите за да се забрза напредокот во овие индустрии, а со самото тоа да се допринесе кон побрз економски раст и развој на државата воопшто.

Форумот претставува настан во два дена на кои ќе се промовираат креативните индустрии,  концептот на креативно културно претприемништво кај жените, искуства и практики од земјите во регионот како Албанија, Србија, Бугарија и Хрватска и релевантни експерти кои имаат искуство и продлабочени знаења на темата, како и успешни домашни креативни претприемачи. Во рамките на форумот ќе се одржи и панел дискусија на тема „Претприемништво во креативните индустрии: влијание врз економијата“, како и работилница менторирана од експерти од партнерската организација КЕА од Брисел.

Настанот е поддржан од Министерството за култура и се реализира во соработка со киното „Синеплекс“, КЕА, Асоцијацијата на креативни индустрии АКИ, Синесквер, Ливинг роомс и Дуки Дасо, со медиумско покровителство на ТВ Телма, иновативност.мк и умно.мк.

ПРОГРАМА

Ден 13.11.2022

Регистрација на учесници

10:00 – 10:20 Поздравни говори

10:20–11:20 Презентации на учесниците

  • Есмералда Хасани, виш консултант во Кабинетот на албанскиот премиер во областа на планирање проекти и финансирање
  • Анета Антова Пешева, претседателка на МАСИТ
  • Ивана Николиќ Поповиќ, уметнички директор на IMAGINE
  • Мартин Каф, советник за креативни индустрии и туризам на српската премиерка и стратег за „Србија создава“
  • ДимитарСмилјановски, Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП)
  • Влора Адеми, потпретседателка на Стопанската комора на Северозападна Македонија

11:20 – 11:40 Успешни практики и примери на креативно женско претприемништво

  • Јасмина Цанева Лазовска, извршен директор на VM3D – Тренинг центар за 3D моден дизајн

11:40 – 12:00 Кафе пауза

12:00 – 13:00 Панел дискусија „Претприемништво во креативните индустрии: влијание врз економијата“

13:00 – 13:30 Заклучоци и средби

13:30 – 14:00 Коктел за учесниците

*18:30 – 20:30 Проекција на филм

Ден 2 – 4.11.2022

10:00 – 10:15 Воведен говор

10:15 – 10:35 Официјална презентација на новоформираната Асоцијација на креативните индустрии (АКИ) при Стопанската комора на Северна Македонија

  • Елена Бојаџиева Цветковска, претседател на АКИ
  • Калина Миљовска, експерт, Стопанска комора на Северна Македонија

10:35 – 11:35 Презентации на учесниците

  • Валентина Дисоска, претседателка на Националната платформа за женско претприемништво
  • Геновева Христова-Мари, ко-сопственичка и директорка на Лигна Груп, претседателка на Бугарскиот кластер за мебел
  • Елизабета Јовановска, основачка на Best Online Assistant

11:35 – 11:50 Завршни зборови

11:50 – 12:50 Вмрежување

*13:00 – 14:00 Работилница: Креативните индустрии и потенцијалот на женското претприемништво – можност за развој на бизнис идеја (онлајн)

*Работен јазик е англиски.

*Филмската проекција е за учесниците на настанот.

*Работилницата на 4.11.2022 е онлајн (само за однапред пријавени учесници).