Вселенскиот брод од „Star Wars“ изграден од 250 000 лего коцки

Во исчекување на новото продолжение на филмскиот серијал „Star Wars: The Force Awakens“, во Мелбурн, Австралија, двајца ентузијасти за време на манифестацијата „May the 4th Be With You“, изградија вселенски брод, кој наликува на оној на Han Solo користејќи 250 000 лего коцки.

Dan и Chris Steininger, го поминале викендот во изработка на бродот, кој во филмот е познат како Millennium Falcon.

За изградбата на овој модел, широк околу пет метри биле искористени околу 250.000 лего коцки, додека за изградбата на TIE борците, високи два метри им биле потребни 80.000 лего коцки.

Таткото и синот се големи фанови на Star Wars. Тие дури и го изградиле најголемиот Darth Vader во светот, минатата година, кој бил поголем од три метри.