„Временска капсула“ од 1995 година најдена во Сиднеј крие предвидувања кои се оствариле

Пред 22 години, Австралиецот Грег Вилкинсон напишал писмо, шпекулирајќи што може да се случи во блиската иднина, и го заѕидал во ѕид во својата куќа во Сиднеј.

Иако не предвидел дека Доналд Трамп ќе стане претседател или дека Обединетото Кралство ќе одлучи да ја напушти Европската унија, многу негови претпоставки се оствариле.

Напишано на Велигден во 1995 година, Грег успеал да предвиде дека Кина ќе стане супермоќ и дека поразличните интерпретации на Исламот ќе предизвикаат „света војна“.

Писмото го нашол локалниот трговец Саша Илиќ, кој го споделил своето откритие на Фејсбук.

Вилкинсон го започнува писмото преку детализирање на цената на една векна леб и еден литар млеко во 1995 година, и дека го напишал писмото на неговиот 486 лаптоп со 8 мегабајти РАМ меморија и 240 мегабајти хард драјв.

Потоа, ги објаснува генерациските трендови на тоа време, политиката и спортот, пред да премине на поголемите предвидувања.

Еве што вели за исламот.

„Исламот ќе стане наредниот идеолошки проблем, кој ќе разгори еднаква и спротивна реакција, воведувајќи огромни делови од глобусот во смешна „света војна“. Секоја страна ќе верува дека се порелигиозни и повеќе во право од другите“.

Интересно е тоа што писмото е напишано пред нападот на Кулите близначки, што доведе до понатамошните инвазии на Авганистан и Ирак од силите на САД и Велика Британија.

Бил во право и за економскиот раст на Кина.

„Кина половично ќе се демократизира, ќе стане светска суперсила, а потоа пазете се! Америка ќе биде нивен најголем трговски партнер и доколку одлучат дека им треба повеќе простор, претпоставувам дека Австралија ќе стане нивната наредна мета“.

Иако не сите детали од ова предвидување се точни, драматичниот развој на Кина од 1995 година не може да се игнорира, пишува Independent.

Кога Вилкинсон го напишал писмото, Кина била пред Италија, Бразил, Франција, Германија, Јапонија, САД и Велика Британија во однос на економската големина. Сега, Кина е на второ место после САД.

Откако било пронајдено писмото, медиумите го контактирале писателот, кој вели дека не е пресреќен што е објавено.

„На почетокот кога го видов писмото на Фејсбук се почувствував малку оштетен. Но, откако размислив, сфатив дека предвидувањата навистина го акцентираат прогресот на интернетот во 22 години и, без него, како ќе ме најдеше писмото повторно?“.

Во писмото, Вилкинсон пишува и дека мислел дека документот ќе биде пронајден некаде околу 2060 година, но неговата сопруга Розлин, која сега е почината, верувала дека ќе го најдат некаде околу 2020.

„Саав да остане скриено многу подолго, но сум среќен што бев тука кога го открија. Мојата прекрасна Рос го предвиде времето кога ќе биде откриено“, заклучува Вилкинсон.