Возилото на Мистер Бин на аукција

Зелениот автомобил „Бритиш лејланд мини” којшто комичарот Роуан Еткинсон со години го возеше во серијата „Мистер Бин” е ставен на аукцијата под наслов „Икони и легенди од Холивуд”. Почетната цена е 60.000 долари.

В првата епизода автомобилот на Бин беше портокалов, и беше уништен на крајот на истата епизода. Оттогаш, Бин не се оддели од своето зелено-жолтеникаво милениче со црна хауба.

На возилото од 1977 година не е променето ништо од снимањето до денес, а во описот на аукциската куќа стои дека со него ќе го добиете и оригиналниот мотор кој не е тестиран, како и други механички делови. Освен овој автомобил, на аукцијата ќе се најде и автобусот што Сандра Булок и Кијану Ривс го возеа во филмот „Брзина”, за почетна цена од 20.000 долари.

На наддавањето, ќе можете за 1.700 долари да ја купите и пилата од хорор филмот „Тексашки масакр со моторна пила 2″

МИА