[Во живо] 12. Издание на „ENGAGE“

Радио МОФ и Младинскио образовен форум по 14 часот и официјално го започнуваат дванаесеттото издание на единствениот Настан за социјален активизам „ЕNGAGE“.

Подолу во ЖИВО може да ја следите програмата ENGAGE: The Stage, која ќе трае помеѓу 14 и 18 часот.

Ќе можат да слушнете инспиративни говори од домашни и странски активисти за друштвените мрежи како средство за промени, поезијата како отпор против патријархалните норми, за тоа како младите уметници се борат против скептицизмот, но и за правата на текстилните работнички.

Исто така, дел од говорниците ќе се осврнат и на „Мое здравје“ – гласот на лицата со оштетен слух, други ќе зборуваат за генерацијата Зет и нивната моќ да го трансформираат активизмот и прават поинклузивен свет, а ќе бидат отворени прашања и за родовата еднаквост во 21 век.


Програмата ENGAGE: The Stage ќе трае помеѓу 14 и 18 часот, а во истиот временски интервал ќе се случуваат и ENGAGE: The Workshops на Партизанска Штампа „Сито печат и реупотреблив дизајн: неограничен креативен потенцијал“, Си Фу Предраг Петрески „Како да го надминете стресот со правилно дишење“ и ПК Македон „Планинарење 101: Основи за успешни планинарски авантури“.

По завршување на делот со говорите, ако веќе не сте присутни во МКЦ, Ве повикуваме да дојдете во Центарот и од 20 часот да следите ја следите ENGAGE The Night, програма со свежи и млади бендови под закрила на растечкиот „Гола Планина колектив“.

„ENGAGE“ е организиран од Радио МОФ и Младинскиот образовен форум, а е поддржан од National Endowment for Democracy.