Во „Винил“ ќе се собираат средства за организирање на алтернативно културно лето во Битола

Утре во скопското кафуле „Винил“ ќе се одржи целодневен настан со музика и дружба на кој секој ќе може да присуствува и да се вклучи во кампањата за собирање средства за да се одржи алтернативно културно лето во Битола.

Како што велат од Задруга арткултура, битолското некултурно лето е уште еден изблик на независната културна сцена во Битола. Тие без финансиска поддршка од институции, фондации и грантови, сакаат да создадат културен настан за Битола.

Тие што ќе бидат дел од утрешниот настан,  може да купат дизајнирана маичка која ќе чини 600 денари,  или да остават донација по свој избор.

За музиката ќе се погрижат:

12:00 – 14:00 DJ Hambar (Јулијан Мицевски)
14:00 – 16:00 Martina Petreska и Александар Стефановски
16:00 – 18:00 Ѓорѓи Јаневски
18:00 – 20:00 Мартина БаракоскаРоберта Цветковска, @Jana Todorovskа