Во Софија ќе се одржува првиот Балкански хакатон, пријавувањето е во тек

Програмери од цел Балкан ќе се соберат во Софија во јуни за првиот балкански хакатон, чија цел е развој на дигитални решенија и софтверски прототипови за зајакнување на напредокот во регионот.

Тие ќе поминат 24-часа во развивање на софтвери во Технолошкиот парк во Софија.

Во организација на Европската комисија во Бугарија, Сојузната асоцијација за развој на општината во главниот град и Webit Фондацијата, настанот се надева дека ќе ги инспирира програмерите да бараат решенија во повеќе области. Тие вклучуваат подобрување на јавните електронски услуги, обезбедување на квалитетно и прифатливо дигитално образование, женско вклучување во секторот, како и обезбедување пристапност и безбедност на интернет.

Организаторите ги повикуваат сите програмери, дизајнери, студенти, ИТ професионалци и start-up компании да учествуваат. Нема ограничувања за возраста.

“Минатата година, нашиот најмлад учесник имаше 16 години, а најстариот беше 67”, изјави за БИРН Светлана Ломева, директорка на Здружението за развој на Софија.

Ломова рече дека е важно да се подобри поврзувањето на Балканот.

“Ние тргуваме и работиме со други континенти, но не знаеме многу за нашите соседи. Со оваа иницијатива сакаме да ја покажеме важноста на поврзувањето за регионот “, објасни таа.

И покрај тоа што не постигнаа конкретни политички цели за процесот на проширување на ЕУ на неодамнешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Софија, Бугарија го наметна дигиталното поврзување во регионот во документот за исходот на самитот.

Нејзиниот додаток вклучуваше ветувања за отпочнување на Дигиталната агенда за Западен Балкан, вклучувајќи и патоказ за олеснување на намалувањето на трошоците за роаминг и воведување на пакет техничка помош за идентификација на потенцијалните дигитални инвестиции преку Инвестициската рамка за Западен Балкан или Инструментот за претпристапна помош -Поддршка за помош.

Хакатонот е дел од Европската недела за дигитални и иновации, која се одржува од 25-ти до 29-ти јуни во Софија, каде што се очекува високи политичари на ЕУ и бизнис лидери да присуствуваат.

Пријавувањето за хакатонот е отворено до 1 јуни преку веб-страницата на настанот.