Во Собранието јавна дискусија за уставните амандмани

Денеска во Собранието на Македонија ќе се одржи јавна дискусија за уставните амандмани што ги предложи Владата. Пред повторно да бидат вратени во Собранието како предлог-амандмани на Уставот, Владата треба да вгради дел од забелешките изнесени на јавните расправи.

Во Собранието јавна дискусија за уставните амандмани

За секој предлог амандман Собранието треба да гласа поединечно со двотретинско мнозинство. Процедурата за носење на уставните измени се очекува да заврши до средината на октомври.

Меѓу уставните измени се дефинирање на бракот како заедница меѓу маж и жена, прецизирање на фискалните правила во рамките на буџетот и тоа за буџетскиот дефицит и јавниот долг, промена на називот на Народната банка на Република Македонија, воведување на институтот Уставна жалба, и промена на составот на Судскиот совет. Последните измени на Уставот беа донесени во 2011 година.