Во Шведска отворена „Климатска продавница“ – производите ќе чинат според нивниот јаглероден отпечаток

„Феликс“, шведска марка за храна, отвори продавница која ќе ги насочува купувачите да донесуваат информирани одлуки при купување прехранбени производи.

Во новоотворената продавница, артиклите имаат цени врз основа на нивниот јаглероден отпечаток. За да им помогнат на купувачите да го разберат влијанието на нивниот избор врз околината, производите во продавницата ќе се купуваат со употреба на валута, еквивалент на јаглерод диоксид. Продавницата му доделува на секој клиент неделен буџет од 18,9 кг CO2. Ова значи дека клиентите ќе треба внимателно да изберат од храната, избегнувајќи опции со поголеми стапки на јаглерод.

Производите кои имаат цена според влијанието врз климата ја покажува разликата помеѓу растителната храна и храната добиена од животинско потекло.

Голем дел од храната што се конзумира во голема мера придонесува за загадување на животната средина. Иако многу луѓе би сакале да направат разлика избегнувајќи ваква храна, не е секогаш јасно кои производи се полоши за планетата. Производството на храна е одговорно за околу една четвртина од светските емисии на стакленички гасови. Доколку клиентите можат да бидат свесни за храната што придонесува најмногу со јаглерод, тие можат да донесат одлуки што ќе помогнат да се намалат овие емисии.

„Ќе биде возбудливо да се види како клиентите реагираат на тргувањето со валутата CO2e и да видиме дали ќе успеат да останат во рамките на нивниот неделен буџет“, рече Томас Сјоберг, маркетинг менаџер во „Феликс“.

„Мислам дека на многумина ќе им ги отвори очите, да видат како одредени избори влијаат на тоа што [тие] можат да си дозволат да го добијат во истата кутија за ручек“, додаде тој.