Граѓани организирано викендов ќе го чистат Водно од насобраниот отпад. Целта е преку оваа акција да покажат дека сѐ уште има совесни граѓани на кои им значи природата да остане чиста и кои се грижат за тоа да се оствари.
Чистењето е најавено за недела (30 август), а ќе започне во 9 часот на Средно Водно, или пак, во 11 часот директно на врвот на Водно.
Организатор на акцијата е иницијативата „За почиста Македонија“ од каде ќе обезбедат ракавици и ќеси за отпадоци за сите учесници.
„Почетна точка ќе биде Средно Водно кај летниковците, а по средување на околината на Средно Водно секој ќе може да тргне по некоја од патеките кои водат на врвот и да собере ѓубре по пат. На крај се наоѓаме сите на врв и правиме една групна чистка каква што заслужува Водно“, стои во најавата за настанот.
Поради ситуацијата со Ковид-19 на настанот ќе се почитуваат и применуваат сите мерки за заштита од вирусот.