Домашните миленици излегоа на улиците во Мадрид и прошетаа против напуштањето на животните

Во Мадрид, Шпанија се одржа годишниот протестен марш на домашните миленици и нивните сопственици кои бараат мерки против напуштањето на животните и домашните миленици, пренесува „Euronews“.

Годишниот настан е организиран од организацијата за заштита на животните, „El Refugio“, кои потсетуваат дека животните не се само украси.  Преку настанот кој се одржа по десетти пат годинава, организацијата цели да ја истакне сѐ поголемата практика на напуштање на милениците откако тие веќе нема да се интересни за сопствениците.

Според податоците на организациите за права на животните, само во Шпанија на годишно ниво се напуштаат 100.000 кучиња и 30.000 мачки.

„Ова е третпат да излеземе на маршот и да ја поддржиме каузата, особено за напуштените кучиња“, изјавил еден од учесниците кој на маршот го изнел и своето куче.

Фото: El Refugio