Во германски град сообраќајот ќе го регулира Елвис Присли

Кралот на рокенролот отсега ќе го регулира сообраќајот во германскиот град Бад Нојхајм, откако беше поставен семафор со сигнални светла со карактеристичната силуета на Елвис Присли.

На семафорот може да се види препознатливиот лик на Елвис со раширените раце и гитара кога е црвено светло, а кога се пали зеленото светло ликот опуштено шета.

„Тоа не е само шега, бидејќи срцата на обожавателите на Елвис Присли сега ќе чукаат малку побрзо“, рекол градоначалникот на Бад Нојхајм, Клаус Крес.

Градот сака да оддаде почит на легендарниот музичар кој бил стациониран во соседниот град Фридберг меѓу 1958 и 1960 година. Соседните градови претходно имаат поставено слични семафори со ликот на Елвис.