Во Берлин, 20,000 граѓани протестирале против мерките за коронавирусот

Илјадници граѓани во главниот град на Германија, Берлин, зедоа учество во протест поради државните мерки против коронавирусот. Демострантите се изјасниле дека мерките, односно носењето на маска ги прекршува нивните права и слободи.

Полицијата го замрела протестот, велејќи дека организаторите не ги почитувале мерките за хигиена против коронавирусот. Германија беше помалку погодена од пандемијата за разлика од други европски држави, но бројот на заболени во оваа земја и понатаму расте.

Само во петокот биле регистрирани повеќе од 900 новозаболени и седум смртни случаи.

На протестот во саботата, учество зеле околу 20,000 луѓе.

Организаторите на протестот декларирале „слободен ден“ од неколкумесечните мерки против коронавирусот.

Дел од граѓаните ја ширеле пораката „Корона, лажен аларм“ и „Присилени сме да носиме маски“.

Според репортерот на „БиБиСи“ од Берлин, Демиен Мекгинес, дел од луѓето кои учествувале биле десничари, дел од нив верувале во разни теории на заговор, но имало и луѓе кои едноставноо биле незадовочни од начинот на кој Владата се справува со пандемијата.

Иако протестот бил мирен, скоро никој од присутните не носел маска и не оддржувал дистанца.

„Сакаме да се вратиме назад во демократија. Без овие закони на кои не присилија, подалеку од маските кои не претвораат во робови“, истакнала една од протестантките.

Полицијата наредила демострантите да се разбијат кон крајот на попладнето, додавајќи дека поткрената е постапка против организаторите на протестот за непочитување на мерките против коронавирусот.

Протестот бил критикуван и од германскиот министер за здравство Џенс Спан, кој ги осудил протестантите поради непочитувањето на мерките.

„Да, протестите треба да бидат дозволени, дури и во време на пандемија. Но, не на овој начин“, напишал министерот на својот „Твитер“ профил.

Според германските политики, во земјата мора да се почитува физичката дистанца, луѓето да носат маски во продавници и јавен превоз, а оние кои патувале во ризички подрачја при влез во земјата треба да се тестираат.

Германија засега има 210,000 случаи на коронавирус и над 9000 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Извор: BBC