Утревечер (24 септември) со почеток во 20.00 часот во Кинотеката на Македонија, француската актерка и внука на славниот Жерар Депардје, Делфин Депардје ќе ѝ се обрати на публиката на отворањето на новата сезона на францускиот кино-клуб.
По обраќањето на актерката, која престојува во Македонија по повод снимањето на нејзиниот нов филм „Враќање“, ќе следи проекција на филмот „Љубени“ (2011) на режисерот Кристоф Оноре со Катрин Денев и Кјара Мастројани.
Настанот е во организација на Францускиот институт во Скопје и Кинотека на Македонија.