„Влези во дигитален свет“ – Меѓународна конференција на библиотекари во Крушево

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје организира „Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци“ која оваа година ќе се одржи во Крушево од 10-ти до 12-ти мај во Хотел Монтана.

На Конференцијата ќе учествуваат 110 библиотекари од сите библиотеки во Северна Македонија, како и гости од Србија, Бугарија и Германија. Конференцијата е под слоганот „Влези во дигитален свет“ и ја дефинира овогодишната тема – „Насоки за дигитализација на културното наследство во библиотеките“.

Во рамките на Конференцијата ќе се одржат две работилници кои ги водат стручни професионални библиотекари: Првата е „Гемификација во библиотеките“ нов тренд во библиотеките. Предавање и обука ќе одржи Мирко Марковиќ, библиотекрски советник од Интернет Клуб Србија. Втората е „Стратешките принципи и цели на дигитализацијата“. Предавачи на оваа тема се професионални библиотекари од Универзитетската и Народната библиотека од Белград, Адам Софрониевиќ и Мирољуб Стојановиќ, раководителка на одделението „Информациски ресурси. Дигитален центар“, Радосвета Радева и Хартмут Јанжиковски од Германија.

Искуствата и знаењата од Конференцијата ќе бидат архивирани и ќе послужат за идни обуки на сите вработени во институциите чија задача е дигитализирање на културното наследство.