Владата ќе формира Агенција за квалитетот во високото образование

Владата ја усвои информацијата за отпочнување на постапката за формирање на Агенција за квалитетот во високото образование. Најдоцна до 20 февруари 2019 година, владина комисија треба да именува по шест членови во Одборот за акредитација и во Одборот за евалуација на високото образование. Тоа ќе бидат професори во работен однос на јавните универзитети во Република Македонија.

„По исто толку членови во двата одбори, до 20-ти овој месец, треба да именува и интеруниверзитетската конференција. Владата и укажува на Интеруниверзитетската конференција да избере по еден член од редот на студентите во Одборот за акредитација и во Одборот за евалуација на високото образование. По еден член во одборите имаат право да именуваат МАНУ и Организацијата на работодавачи на Македонија“, стои во соопштението на Владата.