Викикамп Брајчино 2017, пријавувањето е во тек

Викикамп Брајчино 2017 е тридневен настан организиран од страна на „Споделено знаење“ кој ќе се одржи во преспанското село Брајчино, од 8 до 10 септември.

Целта на кампот е учесниците да се запознаат подобро со Википедија на македонски јазик, Ризницата за слободни содржини и да научат како се извршува една Викиекспедицја. За врене на кампот присутните ќе бидат обучени за уредување статии на Википедија, подигнување фотографии на Ризницата, извршување теренски истражувања, фотографирање за потребите на Википедија и слично.

Викиекспедициите се проект на „Споделено знаење“ кои имаат цел да ја збогатат Википедија на македонски јазик со информации поврзани со Македонија (градови, села, цркви, манастири и слично).

Пријавувањето е задолжително преку формуларот на овој ЛИНК, а рокот е до 31 август 2017. Сместувањето, храната, и организираниот превоз се целосно покриени. Избраните учесници ќе бидат контактирани од „Споделено знаење“ по завршување на рокот за пријавување.