Министерството за труд и социјална политика информира дека Државниот инспекторат за труд викендов поради топлотниот бран ќе работи со дежурни екипи од 30 инспектори.
Оттаму препорачуваат работодавачите да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Прекршувања на препораките може да се пријават на телефонски број 075 402 856, а контакт лице е Слаѓана Андоновска.
Министерството потсетува дека согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз населението во Република Македонија се препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години. Истовремено останува и препораката да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а установите за згрижување на децата да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во најжешкото.