[Видео+Фото] Најголемата пештера на Земјата од птичја перспектива

Во овој шестминутен филм, фотографот Ryan Deboodt прикажува како изгледа најголемата пештера во светот, Hang Son Doong, која се наоѓа во централен Виетнам, но од птичја перспектива.

Deboodt понел дрон и повеќе камери со себе за да го опфати пештерскиот систем, најголемата комора од пет километри, 200 метри височина и 150 метри широчина.

И покрај својата големина, пештерата биле откриена дури во 1991 година од локален жител и не била истражувана од научници до пред пет години.

Овој филм дава чувство на дезориентираност, со тоа што во еден момент се забележуваат на некои снимки луѓе како се движат, но со големина на мравка. Тоа всушност покажува колку е огромно ова место.

Извор: thisiscolossal.com