[Видео] Уапсен Џулијан Асанж од еквадорската амбасада во Лондон

Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, е уапсен во еквадорската амбасада во Лондон каде 7 години, преку одобрен политички азил, беше засолнет од притвор поради обвинение дека извршил сексуален напад во Шведска.


Во меѓувреме Асанж тврдеше дека доколку биде екстрадиран во Шведска, тој ќе биде уапсен од Соединетите Американски Држави и дека ќе биде обвинет за објавувањето на стотици илјади дипломатски депеши кои беа објавени преку Викиликс.

Апсењето на Асанж беше навестено преку Твитер профилот на Викиликс претходната недела, кои соопштија дека „висок владин извор од Еквадор им кажал дека Асанж ќе биде отстранет од амбасадата во текот на следните часови или денови“.