[Видео] Тоде Блажевски: Карикатурата е сегмент од општественото живеење

Популарноста и прифатеноста на карикатурата помеѓу луѓето не спласнува и покрај сите секојдневни проблеми и тешкотии што ги имааат и луѓето поединечно, но и општествата во светот, а со тоа и следствено, и нашето македонско општеството. Намерно го нагласувам општеството бидејќи карикатурата е сегмент од општественото живеење на луѓето и таа е исклучиво сврзана со него (со општеството), вели карикатуристот Тоде Блажевски.

Блажевски е и хуморист, есеист, стрип-автор и аниматор, а за Радио МОФ претставува неколку негови анимирани дела и вели дека за карикатурата може многу да се зборува.

Само еден површен поглед да се упaти кон медиумите, и електронски и печатени, вели тој, ќе се види дека е многу присутна, па и дека е во подем. Во светот има многу електронски магазини, и портали, многу фестивали на карикатурата и тн. Од друга страна е квалитетот, маниризмот, плагијатите што се се’ почести, но тоа е за друга дискусија.

„Во Северна Македонија карикатурата е најомилено и најприфатено уметничко дело од реципиентите. За жал малку е прифатено и поддржано од официјални институции. Одвај во овие години, се случи нејзиното значење да биде малку повеќе верификувано (отколку што тоа беше во минатото), преку кога во основното и средното образование се воведе еден час за изучување на карикатура и еден за стрип. Други форми, на други нивоа од страна на соодветните образовни и научни институции, во смисла на нејзино проучување и изучување, колку што знам јас, нема. А карикатурите што од кај нас се пласираат во светот преку соодветните фестивалски манифестции, се навистина многу ценети и наградувани“, потенцира Блажевски.

Тука го гледа проблемот и со немање млади кадри за нејзиното практицирање – создавање, што пак, повторува тој, е поврзано со отсусто на соодветна општествена грижа (соодветно окфалификување образовани кадри-уметници) итн.

„Сега за сега, благодарение на нашите десетина карикатурист кои што се во поодминати години, ќе се одржува оваа среднообемна карикатурна активност но за догледно време, ако не се појават нови и редовни творци-карикатуристи, моќмно е карикатурата кај нас и сосема да ја снема. Но, пак заради просторот, за ова, и на ова место толку“, вели Блажевски, кој, меѓу другото, во 2013 година под капата на „Магор“ ја издаде книгата  „Аспекти на карикатурата“.

– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
Во оваа прилика, за Радио МОФ се потсетува на филмот „Слизнување“, изработен во 1988 година. Најнапред класично, со цртежи на хартија кои потоа се снимени-анимирани на супер и 8 милиметарска филмска лента… потоа е озвучен и подготвен за јавно прикажување.

„Во периодот од 1988 до 1993 година, овој филм е прикажан на неколку филмски републички и сојузни фестивали на алтернативен филм во: Скопје,  Св. Николе (1993) и др“, нагласува Блажевски.

Од оригиналните цртежи за овој филм е направена и дигитална верзија на компјутер. Оваа верзија е прикажана на Ревијата на македонски анимирани-цртани филмови организирана од Кинотека на Македонија во 2019 година.

„Инспирацијата за овој филм ја добив од секојдневните малограѓански однесувања што ги среќавав и што ги среќавам. Се работи за едно, по малку, сурово (бидејќи е јасно карикатурно- цртанофилмско), реагирање на една од  честите појави на јавно потсмевање,  потценување, омаловажување што свесно ги правиме, или… ги прават некои луѓе –  едни на други“, наведува карикатуристот.

Цртаниот филм „Ризик“ е изработен во периодот 2008/13 – дигитално, на компјутер. Прикажан е на 76-от светски фестивал на непрофесионален филм  (UNICA) одржан од 23-30 август 2014 година во Пиештани –Словачка, и на државниот фестивал на непрофесионален филм одржан во Струмица во 2014 година.

„Корелацијата или… односот помеѓу: малото и големото, слабото и силното, големото и малото, убавото и неубавото, доброто и лошото и сл. преку соодветното (конкретното), нивно егзистирање (живеење), во реалниот и нереалниот свет ( во духовната сфера на пример на човековото живеење), е тема што отсекогаш ме преокупира  и кое наоѓа конкретна реализација во моето творештво.  Една капка што можеме насекаде да ја сретнеме,  (гледано симболички), ете стана главен јунак во овој филм бидејќи е експлицитен симбол-репрезент, на малите, слабите, заборавените, отфрлените… (луѓе. животинки, растенија, куќички, места, предмети)“, вели Блажевски.

Цртаниот филм „Душогрижници“ е изработен во периодот 2013/2018 година. Прикажан е на Кинофест филмскиот фестивал одржан на 21 – 23 септември 2018 година во: Букурешт, Клуж, Темишвар и Орадеа (Романија), Независниот интернационален филмски фестивал одржан од 8 до 14април 2019 година во Бафусам –Камерун,  на  Меѓународниот филмски фестивал одржан во Жилина – Словачка (2019), во Битола („Браќа Манаки“ – 2019) – С.Македонија, и во Бања Лука – Босна и Херцеговина.

!И овде, кај овој филм, сум преокупиран со малото во корелација со големото… Малите луѓе кои што се најмногубројни и најприсутни секогаш и секаде и нивната изгубеност во временскиот и материјалниот (реалниот), простор (нивната  несвесност во психо-физичката сила што ја имаат како целина-група), се конкретната инспирација симболизирана преку лебот (и неговата распределба), како најважен услов за чисто, физичката егзистенција и нивна и на големите моќните, богатите… луѓе“, вели Блажевски.

И.С. / Б.Ш.