[Видео] Социјално дистанцирање во филмовите на Вес Андерсон

Во време кога самоизолацијата станува нормална активност за многу луѓе во светот, платформата „Little White Lies“ објави измонтирано видео од Луис Азеведо, кој преку филмски сцени на познатиот режисер Вес Андерсон сака да ја подигне свеста за ширењето на коронавирусот.

Според објавеното видео, карактерите на Вес Андерсон практикуваат социјално дистанцирање уште пред тоа да стане мејнстрим мерка низ светот, со цел заштита од КОВИД-19.