[Видео] Шарената револуција проби кордон на патот до Влада

Силно полициско обезбедување и блокада кај Соборниот храм на булевар „Свети Климент и Наум Охридски“ ја пречекаа Шарената револуција. После неколку минути преговарање со полицијата, скандирање „Дојдете со нас!“ и обиди да поминат, граѓаните успејаа да го пробијат полицискиот кордон.

Оттаму, протестантите, кои на денешниот протест ги има во многу поголем број, успејаа да го поминат полицискиот кордон по неколкуминутната блокада, по што се упатија пред Владата.

Таму имаше поставено уште една полициска единица, која граѓаните „ја поздравија“ пеејќи ја химната на Македонија. Потоа „беше активиран“ чаталот и беа оставени нови дамки на веќе шарената зграда. Видео пренос од боењето на Владата и говорите може да видите на Фејсбук страницата на Радио МОФ.

 

Денешниот протест е под мотото „Овде е крајот! Заради Мартин, за сите!“. Имено, на денешен датум пред пет години беше извршено убиството на Мартин Нешковски.

Едно од барањата на Шарената револуција и Протестирам беше и укинување на аболициите кои претседателот Иванов ги донесе на 12 април, а ги повлече порано денес.