[Видео] „Шарен Крај“ – песна за граѓанскиот активизам и протестите

„Шарен Крај“ е песна на авторот Лазар Ставров, инспирирана од Шарената револуција и граѓанските протести во Македонија.

„Кога, човек има и чувствува одговорност во себе, за сите неправди кои ги гледа околу себе, и кога има голем товар врз себе, мора да најде вентил низ кој, ќе ја акумилира целокупната негативна енергијата и да направи нешто за промена воопштеството. Така се создаде и песната „Шарен Крај“, која произлезе од овие две години поминати низ улиците, а посебно со почетокот на Шарената Револуција.

„Шарен Крај“ е мојот чекан, со кој се борам против овој, корумприран систем, и порака до сите слободоумни, нормални луѓе кои живеат во оваа земја, да се ослободат од стравот и да продолжат да го следат инстинктот кој извира длабоко од себе“, вели Ставров кој стои зад аранжманот, текстот и музиката на „Шарен крај“.